Погребан Коста Крпач истрагата во тек – Обвинителство побарало дополнителни анализи


Во кргот на најблиските Коста Крпач денеска беше погребан на Градските гробишта во Бутел. Роднините и пријателите за последен пат се простија од скопскиот бизнсмен без да најдат одговор на прашањето, што го натера мирниот и повлечен човек да посегне по својот живот.

Одговорите ќе ги бара и Јавното обвинителство кое по завршувањето на обдукцијата побарало да се извршат дополнителни анализи особено откако во јавноста се погласно се зборува дека Крпач се самоубил поради силниот притисок на специјалното јавно обвинителствоkapishtets-pogrebalna-kola

Извори од судска медицина велат дека причината и околностите генерално се утврдени, но квалификацијата на настанот ја определува обвинителството.

ОЈО изврши координација и консултација со Институтот за судска медицина и крим-техниката и даде наредба за вршење нови анализи, со цел подобро расветлување на случајот – велат од Обвинителството

 

Од специјалното обвинителство ги отфрлуваат обвинувањата. Велат дека Крпач немал својоство на осомничено лице туку бил сведок со кој имале добра соработка. Сепак, и од обвинтлеството но и од Судот потврдуваат декаКатица Јанева врешла претреси во домот на сега покојниот. Експертите се прашуваат, зошто бил вршен претрес кај лице за кое Судот тврдидека не е осомничено.

Крпач во средата попладне беше пронајден мртов во својата спална соба откако, наводно, околу 13.20 часот, пукал од својот балкон на улицата Народен фронт, во населбата Капиштец.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1