Познатиот актер и режисер Силвестер Сталоне е последен во низата јавни личности кои измамниците на интернет ги „погребаа“.
На „Фејсбук“ во текот на викендот се појави лажна статија за смртта на Сталоне, која изгледаше дека е објавен на веб-сајтот на „Си-Ен-Ен“. Сепак, кога посетителите на „Фејсбук“ кликнуваа, статијата автоматски беше објавувана на нивниот ѕид.
Сталоне ја игнорираше бизарната измама и објави неколку фотографии на „Инстаграм“ за да покаже дека е жив и здрав.