Погребан Праљак – дојдоа само луѓето од прошталното писмо


Слободан Праљак, хрватски генерал обвинет за воени злосторства, кој се самоуби во судницата на Хашкиот суд, беше погребан во четвртокот на градските гробишта во Загреб, во кругот на семејството и најблиските пријатели.

По аутопсијата во Хаг, телото беше пренесено во Загреб со посебни мерки, а терминот за погребот не беше објавен на веб страната на Градските гробишта.

Јавното испраќање на Слободан Праљак ќе биде на комеморација во Концертната сала „Ватрослав Лисински“ во понеделник во 12 часот, на која се поканети сите кои кои што сакаат да му оддадат почит на Прљак.

“Вечерњи лист” вели дека на погребот имало само неколку блиски членови на семејството и пријатели што ги споменал Праљак во прошталното писмо.

На собирот организиран од страна на хрватското Генерално собрание нема да има транспаренти или „чудни“ знамиња, според директивата на генералот Миљавац, пренесува “Вечерњи лист”.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1