На градските гробишта во Бутел, со највисоки почести, денеска се погребани трагично загинатите македонски пилоти Драги Мицев, Иљо Лопатички и Тоде Орешков. Вчера во Куманово беа погребани и посмртните останки на пилотот Марјан Трајковиќ
Во Соборниот храм Свети Климент Охридски се одржа опело. Голема загуба за Македонија, загубивме храбри луѓе, и ние, и нивните семејства, нагласи во опелото Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Во Македонија е ден на жалост, а знамињата се спуштени на половина копје.
Во Собранието на Република Македонија, денешната седница почна со едноминутно молчење, во знак на почит на загинатите пилоти.