Погребот трае 5 дена и чини 90 милиони долари: Последен поздрав со починатиот крал на Тајланд


Тајланд вчера го одбележа почетокот на погребната церемонија којашто ќе трае следните пет дена на кралот Бумибол Адилјаде со будистички обред на кој присуствуваа членовите на кралското семејство.

Цела година Тајланд тагуваше по кралот. Кралот Бумибол Адилјаде почина во октомври минатата 2016 година, во 88-та година од животот, по што неговото тело беше положено во златната сала на Кралската палата, а ќе биде кремирано во четвртокот на церемонијата на којашто се очекуваат околу 250.000 луѓе.

Денес посмртните останки на монархот ќе бидат пренесени со голема помпа од палатата кон раскошниот позлатен крематориум.Таму мајсторите работат длабејќи во дрво ликови од хиндуистичката и будистичката митологија. Вкупно повеќе од 500 ликови и животни го опкружуваат ова место, замислено да го претставува ридот Мера, центарот на универзумот за будистите и хундиусите.

Кралот Бумибол на Талјанд е обожаван речиси како божество, беше сметан за татковска фигура во децениите на политичките турбуленции одбележани со државни преврати, крвави улични протести и финансиска криза на регионот од 1997 и 1998 година. Кралот беше гледан во споменатиот период како морален показател.

Во декември минатата година Бумибол го наследи неговиот единствен син, кралот Маха Ваџиралонгкорн, попознат како Рама Десетти, кој од тогаш си даде поголеми овластувања. Стана десеттиот крал во 234 години долгото владеење на династијата Чакри, која почнала со владеењето на кралот Рама Први.

Советниците на кралскиот двор и генералиите подготвуваа со месеци за церемонијата во четврток кога посмртните останки на монархот во крематориумот. Полициските единици, меѓу другото, ќе мора многу внимателно да проверуваат дали гостите и гледачите како новинари кои го следат настанот да бидат облечени во црни костуми и да покажуваат почит.

Минатата сабота илјадници Тајланѓани се собраа на улиците околу палатата за да присуствуваат на генералната пробна на свеченоста предвидена за пет дена. Се очекува дека ќе присуствуваат 250.000 луѓе, a церемонијата ќе чини 90 милиони долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1