Покажете дека имате срце – подајте рака за 18 годишниот Боро Стаиќ


Црвениот Крст на град Скопје и други соработници организираат Голем хуманитарен концерт во Скопје на 03.04.2013 година. Целта е да се обезбедат финансиски средства кои му се неопходни на Боро Стаиќ да го продолжи своето лекување.

На хуманитарниот концерт ќе настапат врвни имиња од македонската музичка сцена: Нокаут, Леб и сол, Игор Џамбазов, Бени& Нон Стоп, како и танчери ѕвезди од Танц со ѕвездите.

Боро Стаиќ има 18 години, но животот му е полн со неизвесност и тешки предизвици.

– Пред неколку месеци, при скок во вода, се здоби со тешки повреди на 4 / 5 р’бетен пршлен. Како последица на повредата има целосна парализа на рацете и нозете (tetraplegia). Неговиот и нашиот живот добија сосема поинаков тек. Од тогаш, единствена желба ни е да оздрави, да ја поврати функцијата на рацете и нозете и да живее достоинствен и исполнет живот.

Вашата хуманост и Вашите донации за нас се драгоцени. Ни помагаат многу, бидејќи чувствуваме дека не сме осамени во нашата мака, имаме надеж, верба и сила да издржиме.

boro koncert

Цената на влезниците изнесува 500 МКД. Влезниците ке може да се купуваат од 15.03.2013 год. на продажните места на Купи Карти За Се или онлајн: http://kupikartizase.com/Events/humanitaren_koncert_za_boro

Бидејќи заедно можеме повеќе !!!

ХУМАНИТАРНИ СМЕТКИ ЗА ДОНАЦИИ:

Денарска сметка:

Сметка: 210-700000600857

Назив: Луиза Стајиќ за лекување на дете Боро Стајиќ

Банка: НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, ул. Водњанска бр.1, Скопје

Девизна сметка :

IBAN Code: MK07210501594890345

Name of account owner: Zoran Stajikj

Bank name: NLB Tutunska Banka A.D. Skopje , Vodnjanska br.1 Skopje

SWIFT : TUTUNMK22

ТЕЛЕФОНСКИ ЛИНИИ на кои можете да донирате 100 ден/повик:

070/143-112

075/143-17

077/143-402

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1