Покажете му го ова на шефот: Колку годишен одмор ви е потребен за да бидете продуктивни на работа?


Годишниот одмор влијае како на личниот, така и на професионалниот живот и продуктивноста на работа.Како што вели Себастијан Хоф, експерт на полето на психологија на работа на универзитетот во Безансон – Франција, „одморениот и опуштен работник е далеку поефикасен од оној кој изморен доаѓа на работа“.petok rabota

Оптималниот годишен одмор за најголем дел од вработените би требало да трае три последователни седмици, вели Клер Ди Бартоломео – уште еден експерт од горенаведеното поле на науки. За споредба, најголемиот дел од вработените во Франција добиваат (најмалку) 10 последователни дена годишен одмор.

„На годишен одмор се одмараме, но исто така се бавиме и со бројни активности кои го потикнуваат развојот на нашата интелигенција, креативност и фантазија, што е неопходно за реализација на работата“, вели Хоф.

Психолозите исто така советуваат вработените, особено на менаџерските и шефовските позиции, да потпишуваат договор со работодавачите во кои ќе биде наведено колку пати неделно ќе му се достапни на надредениот, додека се на годишен одмор. Ваквиот предлог не е случаен. Како што предупредува Хоф, последиците од работниот притисок врз вработените се многу поголеми додека се на годишен одмор, отколку додека се на одмор.

„Наталожување на константен притисок може да доведе до драматични последици по психата на вработениот, кој може да стане насилен, депресивен, па дури и суицидално настроен. Дополнително, одржувањето на комуникацијата со работодавачот додека сте на одмор сериозно го нарушува семејниот живот“, објаснуваат психолозите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1