Нѐ чека најлошата зима во историјата: Страшно предупредување од метеоролозите


Планетата Земја за неколку месеци ќе биде на удар на екстремни поплави, големи суши и пожари од невидени размери, пишува Дејли Телеграф повикувајќи се на угледни светски метеоролози.ladno2

Зад овие катастрофални појави стои климатското пореметување кое овие години ќе биде најекстремно.

Бил Пацерт, климатолог од НАСА вели дека овогодишениот Ел Нињо, климатското пореметување, има шанси да стане климатска Годзила.

Ако се реализираат црните прогнози на метеоролозите, а се поголеми се шансите тоа да се случи, Велика Британија ќе ја има најстудената зима во историјата, САД ќе ги разруши екстремно силна олуја, а во Јужна Америка големите поплави ќе предизвикаат поплави и одрони. Јужна Азија ќе ја совлада голема суша, а цела Австралија ќе гори од пожари.

Ел Нињо е метеоролошки феномен кој се појавува во период од две до седум години, а НАСА внимателно ги следи температурите на морето на истокот од Пацификот, кои се клучни индикатори за  оваа појава.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1