Љубителите на оваа игра ширум Америка полуделе за „покертокс“, како што го нарекуваат ботоксот кој ги спречува мимиките на лицето.
– Многу малку луѓе можат да состават вистински покерски израз на лицето. Оној кој ќе успее да блефира, а притоа никој да не забележи, има огромна предност пред другите, објаснува естетскиот хирург Џек Берди.
Еден ваков третман чини 500 евра, а ефектот трае околу четири месеци. Лицето кое го користи има ист израз на лицето, без оглед на тоа дали е воодушевено, разочарано или нервозно.