Мачка се прошета на вести во живо!


Временската прогноза која одела во живо на „Univision“ била прекината од громогласна смеа која доаѓала од контролната соба кога за време на временскиот информатор во кадар влегла мачка.

Метеорологот останал крајно присебен.

Мачката со својот опаш поминала пред мапата од јужна Флорида, па се прошетала околу Мексиканскиот залив, и покрај ногата од окупираниот репортер.

Како вистински професионалец, главниот метеоролог Едуардо Родригез останал смирен, како да не ја ни забележува мачката која се „вкотви“ на Бахамите.

Ова не е прв пат студиото да има проблем со овие домашни миленици.

– Неколку мачиња го окупираа нашиот паркинг и од него си направија сопствен дом, па понекогаш се случува некои од нив наприметено да се прошетаат во студиото, признале вработените.

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1