Покрај Вељаноски, уште двајца приведени, однесени во ОЈО


Покрај пратеникот Трајко Вељаноски, денеска во обвинителството за крвавиот четврток приведени се уште двајца осомничени со иницијали М.Ј. и С.Р., за кои засега не го откриваат идентитетот, објави fokus.mk

Исто така, од обвинителството за „Фокус“ информираа дека во моментот се трага по уште два лица, за кои исто така не откриваат кои се.

Приведувањето е извршено по повод настаните од „27 април“ и процесот што обвинителката Вилма Рускоска го води во врска со ова.

Засега на ниво на шпекулација е дека е приведен и поранепниот министер за образование Спиро Ристовски.

Вчера, еден од обвинитите во овој процес го имаа својот завршен збор. Меѓу нив и Горан Ангелов, Игор Југ, Игор Дурловски итн.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1