Голема среќа имале возачите и минувачите на улицата „Владимир Комаров“ во скопската населба Аеродром, откако завчера попладне летна дел од покрив од една од околните згради.
Дел од лимената покривна конструкција се откачила кога главниот град беше зафатен од засилен јужен ветер. Лимот паднал на само неколку метри од улицата токму во време интензитетот од сообраќај е значително зголемен, пренесува Канал5.
Парчињата од покривот „слетале“ во тревникот, во близина на мала куќа и паркинг. За среќа, никој не е повреден. Благодарение на гранките од дрвјата покрај коловозот, лимените парчиња не паднале директно врз коловозот и врз тротоарот. Единствено настрадале контејнерите поставени покрај улицата.