Покрив од зграда падна покрај улица во Аеродром (ФОТО)


Голема среќа имале возачите и минувачите на улицата „Владимир Комаров“ во скопската населба Аеродром, откако завчера попладне летна дел од покрив од една од околните згради.krov zgrada

Дел од лимената покривна конструкција се откачила кога главниот град беше зафатен од засилен јужен ветер. Лимот паднал на само неколку метри од улицата токму во време интензитетот од сообраќај е значително зголемен, пренесува Канал5.

Парчињата од покривот „слетале“ во тревникот, во близина на мала куќа и паркинг. За среќа, никој не е повреден. Благодарение на гранките од дрвјата покрај коловозот, лимените парчиња не паднале директно врз коловозот и врз тротоарот. Единствено настрадале контејнерите поставени покрај улицата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1