Пола Македонија под вода, најнов извештај на ДЗС


ПОЗС Кочани: – Нивото на реките се зголемени и е поплавено е земјоделско земјиште, а додека дотокот на вода во браната Калиманци е 150м3 а испустот на вода е 50м3 со што е започнато излевање на браната Калиманци. Цело кочанско поле е поплавено а исто така има можност и излевање на река Брегалница кај село Чифлик. Прекинат е патот Облешево село.Герaнци и е обезбедуван од полиција.

ПОЗС Струга:- Поплаки од страна на населението бидејќи имаат проблем со канализационата мрежа. Исто така има свлечиште на две куќи во Октиси во селата Мороиште и Мислешево, локалната самоуправа реагира но водата потовно се врати.david-go-odnese-stip6

ПОЗС Делчево:- Зголемено е нивото на реките Брегалница и Габровчица и се имаат излиени на неколку места како и во централното градско подрачје каде се поставени вреќи во и исто и во индустрискиот дел од градот има излевање. Исто така загрозени се и фарма и млекара. Мостот помеѓу Разловци и Тработивиште е поткопан и е забрането движење по мостот. Новиот мост на излезот од градот Делчево во индустрискиот дел е поткопан и исто така е забранет за движење на моторни возила.Ситуацујата се следи и постепено се нормализира.Нивото на река Брегалница незначително се намалува.

ПОЗС Гостивар:- Од 31.01.2015 има прекин на електрична енергија долж реканскиот крај. На ден 01.02.2015г. има излевање на река Вардар во централното градско подрачје. Нова состојба е река Бајешница се излеала во населба Бајешница во моментот се работи со градежна механизација ангажирана од општината, ако не успеат да се справат ќе се поставуваат вреќи.

ПОЗС Битола:- Поплавени се селата Долно Оризари, Логоварди, Кравари, Карамани, Носпал, Васарејца и во прекин е локалниот пат Тополчани – Ношпал ситуацијата е аларматна во моментот во долните текови на реката Драгор. Околу 3.000 хектари се поплавени во реонот на општина Новаци. Од село Топлчани до предградијето на Битола се е поплавено.

ПОЗС Струмица:- Пукнат е насипот на река Струмица и е поплавена помала земјоделска површина. Брана Турија и Брана Водача се зголемени нивото на водата и се отрворени вентилите за испустанје на вода. Со добиените нови информации водата се повлекува нема нови поплавувања освен земјоделско земјиште.

ПОЗС Охрид:- Пумпната станица во Дељан не е во функција од преголемо количество на вода. Поплавени се куќи на ул. Стив Наумов и ул. Железничка а исто така во близина хотел Парк има поплавено ниви.

ПОЗС Пробиштип:- Направениот насип на мостот и поврзаниот пат со село Ратавица и кон селата Драч и Бунеш е во критична состојба, а исто така и мостот кои ги поврзува овие села е доста оштетен. Регионалниот пат од село Ратавица до Киселица левата лента не е во функција поради слечиште на земја.

ПОЗС Штип:- Од браната Калиманци преку преливникот се излева 26,6 м3 вода во секунда а од темелниот испуст и работа на централата 59м3 во сек вкупно 85,6 м3/сек.

ПОЗС Свети Николе:- Вештачката акумулација Мавровица 3 се одржува на критичното ниво. Во моментот се испуштаат 3м3 вода во минута за да се на мали водостојот на вештачката акумулација.

ПОЗС Кичево:- Прекин е елктричната енергија во градот и во реонот бидејќи се паднати далноводите кои носат струја од Битола и од Гостивар.

ПОЗС Македонски Брод:- Во Македонски Брод има електрична енергија а додека во селата нема истата е и ситуацијата во општина Пласница.

ПОЗС Куманово:- Крива Река во селото Јачинце е излеана, поплавени се 20 куќи.

ПОЗС Ресен:- Излеана е река Сопотница во селото Сопотница, половина регион нема електрична енергија од 31.01.2015г. (18:00). Почеток на поплави во има во Езерени, Царев Двор Дрмени и Покрвеник. Има огромна поплавена земјоделска површина. Исто така има и дефект на напојувањето со електрична енергија и 80 проценти од селата во Ресен немаат струја.

ПОЗС Кавадарци:- Во селото Глишич излеана е реката Луда Мара и поплавено е земјоделско земјиште.

ПОЗС Крушево:- Може да дојде до проблем во Прилепско преку суво делниците и Крушевска река поради топење на снегот во Крушевско.

ПОЗС Прилеп:- Реката Црна во моментот прелива во село Тројксрти и Тополчани и е поплавена обработлива почва а исто така каналот Блато прелива од страна на општината вклучени се 20 луѓе плус 2 од ДЗС.

ПОЗС Виница:- Реките Брегалница и Осојница се излеани и има поплавено земјоделски површини. На две делници од магистралниот пат Виница – Берово има поткоп на асфалт. Мостот на 13 км кај рибникот има оштетување.Се бара „Македонија пат“ да постави соодветна сигнализација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1