За поплавените подрачја Итната помош е достапна 24 часа


Министерството за здравство им укажа на здравствените установи веднаш да пријават појава на било какво заразно заболување и да информираат доколку има потреба од терапија за евентуално заболено лице.

Во Министерството за здравството се одржа состанок на кризниот штаб . Будно се следи состојбата во сите загрозени  подрачја. Во секоја  здравствена установа веќе има тим од дежурни доктори и медицински сестри, а на руралните доктори им е дадена насока да бидат целосно подготвени да одговорат на здравствените проблеми кај граѓаните.brza-pomos-sk-300

Од Министерството информираат дека во Кичево поради проблеми со струјата не функционира телефонската линија на итната медицинска помош, но веднаш е овозможено пренасочување на повиците кон другите телефонски броеви од дежурната служба.

Министерството и комисијата за заразни болести веднаш излезе со препораки за спречување од појава на заразни болести од поплавите меѓу кои да се врши секојдневна контрола на водата за пиење, а во училиштата и градинките  да се спроведат мерки за засилено одржување на хигиената и дезинфекција на санитарните јазли и просториите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1