Министерството за внатрешни работи стартува со акциски план кој предвидува поставување на видео надзор во сообраќајот. Целта на проектот е да се зголеми безбедноста на учесниците и да се намали бројот на сообраќајни инциденти. Како што рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на првата прес конференција по повторното преземање на МВР, новиот концепт за ригорозност во сообраќајот ќе биде пропратен и со соодветни законски измени.
Во тек е и пилот проектот за поставување на телесни камери на секој полицаец. Вакви камери, како што рече Спасовски, веќе користат полицајците во Скопје и во Тетово.
Министерот најави и продолжување на започнатите проекти во МВР, како што е набавката на нови униформи за полицијата, реновирање на полициските објекти, како и реформи во областа на сајбербезбедноста.