Полицијата упаднала во редакцијата на „Нетпрес“


Тројца инспектори од одделот за економски криминал при МВР утринава дојдоа во редакцијата на „НетПрес“ по наредба, како што рекле, на јавен обвинител, објави „НетПрес“.

Како шо информира поарталот, тие извршиле разговор со главниот уредник во врска со објавен текст за случајот со тендерот на Mакедонскиот систем за воздухопловна навигација (М-Нав) ) за набавка на нов систем за контрола на летање, вредна околу седум милиони евра.

НетПрес за овој случај во декември, лани, објави серија текстови поткрепени со документација. Инспекторите на МВР од главниот уредник барале информација од каде се добиени документите.

Според документот од Обвинителството, за случајот во тек е кривична постапка за кривично дело Оддавање и неовластено прибавување на деловна тајна по член 281 од Кривичниот законик.

Инаку како што е познато во јавноста, токму за овој случај неколку месеци по објавите на НетПрес, беа објавени и аудио снимки.

НетПрес.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1