Полициски службеници на распит во Обвинителството поради снимката за „Поткуп“


Полициски служебеници се повикани во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за да дадат исказ за смимката поврзана со случајот „Поткуп“. Станува збор за снимка објавена пред десетина дена, интегрална снимка од пред неколку години во врска со водената истрага за предметот „Поткуп“ во кој наводно е инволвиран и поранешниот премиер Зоран Заев.

Од Јавното обвинителство не потврдуваат за какво дело станува збор и велат дека се работи за предистражна постапка и дека полициските службеници се приведени на разговор, а не се уапсени.

Се уште нема мерка притвор и не се знае дали станува збор за само четворица полициски службеници, односно бројката може и да се менува во текот на понатамошната предистражна постапка.

Одземени им се мобилните телефони, а полициските службеници се пред надлежен јавен обвинител, велат од Обвинителството и додаваат дека во моментов не можат да изнесат повеќе детали.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1