Полицаец од Филаделфија мислејќи дека жената го испрскала со вода брутално ја нокаутирал.
Инцидентот се случил за време на парадата на Денови на Порторико во моментот додека неколку полицајци му ставаат лисици на рацете на еден деликвент. Нокаутираната жена била цела во крв додека полицајците и ставаат лисици на рацете.
Несреќната жена не го ни испрскала агресивниот полицаец, но имала шише со вода во рацете во моментот на нападот. Американските медиуми наведуваат дека се нашла на погрешно место во погрешно време.
Полицаецот кој ја удрил жената е идентификуван, се работи за полковникот Џонатан Џојси, полициски ветеран со 19 годишен стаж во полицијата. Во 2010 година токму тој спречил вооружен грабеж на продавница, така што со пиштолот го застрелал и убил напаѓачот. За тој случај имало и судење, а судот донел одлука дека полицаецот постапил правилно.