Денес сонце и дожд – од понеделник ладно


Во Македонија  ке биде претежно сончево со локална облачност, посвежо и ветровито.

Попладне нестабилно со можност за повремени локални врнежи од дожд ке има во северозападните, западните и југозападните предели, како и во североисточните и крајните источни предели. Ке дува засилен северозападен, а во западните предели и засилен западен ветар. Утринските температури од 6°C до 15°C, а максималните дневни ке се движат од 22°C до 30°C.

Во Скопје ке биде умерено облачно и нестабилно со можност за локален дожд попладне. Ке дува засилен северозападен ветар. Утринската температура од  11°C, а максиамалната дневна ке достигне до 28°C.

Во четврток ке биде претежно сончево, посвежо и ветровито. Ке дува засилен северен и северозападен ветар. Утринските температури ке се движат од 9°C до 16°C, а максималните дневни ке достигнат до 24°C односно до 31°C.

Сончево и свежо ке биде и во петок. Ке дува засилен северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува засилен североисточен ветар. Утринските температури од 7°C до 15°C, а максималните дневни ке се движат од 20°C до 30°C.

Од понеделник следува промена на временската состојба. Продор на нестабилна и постудена воздушна маса, која ке услови локални врнежи од дожд, силен ветар и осетен пад на температурите.

weather4all

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1