Полицаец кој помогнал во убиството на новинарка во Русија доби 11 год затвор


policaec ubistvo novinarkaПоранешниот руски полицаец Дмитриј Пављученков е осуден на 11 години строг затвор за соучесништво во убиството на новинарката на „Новаја газета“ Ана Политковскаја. 
Пензионираниот полициски службеник ќе треба да му исплати на семејството на убиената новинарка отштета во износ од три милиони рубљи (околу 75.000 евра).
Политковскаја е убиена на 7 октомври 2006 година во Москва, во влезот на зградата каде што изнајмувала стан.

policaec anna_politkovskayaПортпаролот на истражната комисија Владимир Маркин во јули оваа година истакна дека Дмитриј Пављученков, кој бил потполковник во милицијата за време на нејзиното убиство, е официјално обвинет 11 месеци по неговото апсење во 2011 година.

Истражни судии претходно изјавија дека Пављученков ја следел Политковскаја за да им помогне на нејзините убијци.

На 7 октомври 2006 година убиецот на Политковскаја употребил пиштол, добиен од Пављученков, за да го изврши злосторството.
Убиството на Политковскаја, која остро ја критикуваше политиката на Кремљ во Чеченија, предизвика широки сомнежи за учество на Владата во нејзината смрт.

Mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1