Трета среќа за Тупурковски – пак ќе му се суди за тајванските кредити


tupurkovskiВасил Тупурковски и третпат ќе се најде на обвинителна клупа за случајот со тајванските кредити, за кои се товари дека го оштетил буџетот за 172 милиони денари додека беше директор на Агенцијата за обнова и развој.

Апелација ја укина ослободителната пресуда со образложение дека е нејасна и сама по себе контрадикторна.

Ова е второ укинување на првостепена пресуда за Тупурковски. Првиот пат беше осуден на затворска казна од три години за злоупотреба на околу 2,4 милиона евра од тајванските кредити.

Во повтореното судење доби ослободителна пресуда.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1