Полицаец објавил слика со изгубено куче – жените шекнале (Фото)


Шведски полицаец Хенрик Руонала од Skärholmen на Фејсбук страницата на неговата полициска станица објави фотографија од него и едно кученце кое го нашле и стана инстант популарен меѓу жените.

На Фејсбук страница под сликата е напишано дека ова мало кутре е во потрага по сопственикот. “Дали на некој му недостасува оваа малото кутре? Го најдовме во средата вечерта, а сега е во нашата полициска станица “, напишал тој,

Фотографијата наскоро стана огромен хит. Во кратко време собрала околу 25.000 “лајк” и полицаецот почнал да добива пораки од жени низ целиот свет.
“Штета што не се бара дом за овој човек на сликата. Би сакала да го удомам” е еден од коментарите

Ruonala е шокиран од вниманието што го добива, му годи но досега не се сретнал со ниедна од девојките кои коментираат за неговиот изглед.
Многу колеги го зафркаваат а на страницата коментар напишал и неговиот шеф.

 “Како неговиот претпоставен, сакам да кажам дека Хенрик е самец. Јас како негов претпоставен сум исто така самец, а сум многу поубав од него”, напишал Микаел Сундберг, шеф на полициската станица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1