ПОЛИЦАЕЦОТ ОД ИНЦИДЕНТОТ ВО КОНДОВО ПУКАЛ ОД СЛУЖБЕН ПИШТОЛ


МВР потврди дека полицаецот кој учествувал во инцидентот во Кондово користел службено оружје. Неговиот брат е во бегство и полицијата трага по него. Во инцидентот учествуваше и припадник на АРМ, но за него не се знае дали го користел службеното оружје.dupka kursum

МВР се уште нема поднесено кривични пријави против уцесниците во инцидентот. Четворицата повредени се уште се наоѓаат  на лекување на скопските клиники. Според лекарите сите се во стабилна состојба и надвор од животна опасност. За случајот преку соопштение регираше ДУИ.Инцидентот велат не може да се поврзе со изборниот процес во структурите на ДУИ . Изразија жалење за начинот на известување и пренесување на веста од во медиумите.

 Во петокот структурите на ДУИ немаа ниту една партиска активност во Сарај, но ниту имаше состанок на огранокот на ДУИ во Сарај или било кој од подограниците во овој огранок. Исто така луѓето вклучени во овој инцидент не се дел од изборните структури на огранокот во Сарај ниту во подограноците во респективниот огранок. Овој инцидент на ниту еден начин не може да се поврзе со изборниот процес во структурите на ДУИ  во подограноците и огранокот во Сарај, се вели во соопштението од ДУИ.

Вчера медиумите повикувајќи се на неофицијални информации од жителите на Кондово објавија дека едните се прврзаници на потпретседателот на собранието Рафиз Алити а другите на поранешниот министер за правда Блерим Беџети. Причина биле партиски превирања меѓу два табори во ДУИ за претседателско место на огранокот во Сарај. Дека се работи за партиски активисти потврди и  Алити, но негираше дека е борба за превласт. Денеска е мирно во Кондово. Никој од жителите не сака да коментира за она што се случуваше пред два дена. И искршените излози на кафулето се променети со нови, па и тие повеќе не даваат слика дека нешто се случувало тука.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1