Полицајката Павловска се самоубила со три куршуми?


Во контекст на сомнителните и нерасчистени од СДСМ убиства и самоубиства најинтригантно е наводното самоубиство на полициската службеничка Татјана Павловска на скоро една година пред веќе од очигледниот трансфер на власта во 1998, пишува Прес24.

Официјално, сè уште МВР го води случајот како самоубиство. Меѓутоа, полицискиот извештај од самото место каде што била пронајдена, најверојатно направен од увидна екипа којашто сè уште не била инструирана што треба да стои во записникот и за кого станува збор, фрла голем сомнеж врз официјалната верзија за трагедијата. Имено, полициски извори велат дека Павловска била пронајдена во последните улички во населба на падините на Водно, со три прострелни рани и со покриена глава?!

Foto - Press24

Foto – Press24

Што е причината  (само)убиството на Павловска да биде поврзувано со атентатот врз Глигоров? Таа беше припадничка на Секторот за следење комуникации, поконкретно на изготвување известувања од прислушувањата. Неделникот Форум пишуваше дека извор многу близок до неа и кој имал неколку контакти во периодот пред убиството, тврдел дека Павловска му соопштила дека таа од некои лица од безбедносните служби добила понуда што не можела да ја одбие – била натерана да го купи и да го паркира амито на улицата Македонија! Според нашиот соговорник, таа најверојатно веќе ја чувствувала опасноста по личната безбедност.

Но, во случајот на Павловска постои уште една информација. Имено, имајќи пристап до материјалите од следењето на комуникации и прислушувањата со кои во тој период беа опфатени дури и министерствата заради спречување на истекување информации во полза на тогашната опозиција, таа дошла до многу значајни податоци. Во тоа време, имено, се случува буквалната купопродажба на Министерството за градежништво (се споменуваат 4 милиони германски марки) од премиерот Бранко Црвенковски кој ресорот што дотогаш го водеше кадар на неговата СДСМ го отстапи на коалиционата ПДП. И, според изворите на Форум, тогаш се случува отпочнувањето на “државно” криумчарење дрога за западноевропскиот пазар преку приватни туристички и транспортни фирми. А парите кои се добивале од продажбата на дрогата, се користеле за купување оружје за војната што ОВК ја водеше подоцна на Косово.

Прес 24.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1