Урковци го криеле убиството на Нешкоски и од Јанкулоска


Тогашниот шеф на обезбедувањето на премиерот Никола Груевски, Дејан Митровски – Урко и неговите соработници, два дена молчеле за деталите за убиството на Мартин Нешкоски на плоштад, ноќта по изборите на кои победи ВМРО-ДПМНЕ, од полицаецот Игор Спасов.

Ова беше обелоденето со 29 `бомба` на опозицијата преку наводните разговори меѓу, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, нејзиниот помошник, Иво Котевски, директорот на УБК, Сашо Мијалков, шефот на кабинет на премиерот, Мартин Протуѓер и премиерот Никола Груевски.

urko gruevski 2

Тој исто така, рече дека од разговорите многу битно е што се слуша признание дека во МВР постои паралелна безбедносна структура раководена од обезбедувањето на Груевски. Според објавените прислушувани разговори се дознава дека Игор Спасов бил на должност во Куманово, каде требало да остане до 22 часот, а потоа му се јавил Урко, што и признал на Јанкулоска, да дојде на плоштад.

Во еден од разговорите меѓу наводно Јанкулоска  и Протуѓер, тој вели „Детево наш член било од Карпош…“. За да објасни Јанкулоска од кого наводно Спасов добил усна наредба да дојде на плоштад без униформа вели „на кого може усна наредба да му издадат урковци на единица чиј припадник не си… дошол малиов во Дом на АРМ, сакал да влезе, и после го видел тој, детево се сопнало и овој го утепал од ќотек. се нервирам што таму на некој малоумен не му текнува дека не можеш убиство да скриеш…“Јанкуловска додава дека Урко барал началникот да каже дека тој дал усна наредба на што министерката реагира дека не ни смее да се бара од него такво нешто, и нормално е што не сака затоа што тој е совесен а таква наредба усна не е дозволена во полиција. Зошто би кажал дека тој дал наредба кога не дал, вели Јанкуловска.

ГЈ: Сеа со Урко се расправав на телефон. Два дена чекале да видат шо да праат бе. Така ми вика.
ГЈ: Сега ќе ги притиснам, многу се нервирам. Вика, чекавме два дена да видиме шо да праиме. Така ми вика. А бе неможеш убиство да прикриеш дали се нормални, немаат мозок.

Од објавените разговори се гледа дека ниту Јанкуловска ниту нејзините вработени од кабинетот не знаат што се случило и се обидуваат да добијат информации, а два дена биле држени во лага од страна на „Урковци„ кој се обиделе да го затскријат делото. дури на крајот откако случајот се разгоре во медиумите и по константниот притисок да ја кажат вистината им признале на надлежните што всушност се случило.

Во снимките дури и се слуша како полицијата се обидува да го процесуира случајот откако се дозна иако Спасов во неколку наврати го менувал исказот. А најголем проблем е што и за целиот случај не направиле соодветна полициска белешка на ноќта на убиството што и ја успорило полицијата во дознавањето на вистината.

Полицаецот Игор Спасов беше осуден на 14 години затвор. Вистинска драма во судницата предизвика завршниот збор на обвинетиот Спасов. “Не сум убиец. Со чисто срце можам да кажам дека не сум убиецот на Мартин”. Тогаш реагираше мајката на починатото момче: ”Кажи кој е, кажи”, велеше таа, но Спасов не одговори.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1