Тревога: Опасните апчиња за слабеење не се продаваат во Македонија ама се достапни по интернет


Интерпол објави светска тревога во 190 земји поради 2,4 динитрофенол (DNP) препарат кој се користи како диетски производ и за зголемување на мускулната маса.

Мрежата за полициска соработка се реши на ваков чекор откако една жена почина во Велика Британија, а еден француски државјанин е во тешка состојба и лекарите се борат за неговиот живот.dnp-pills-opasni-trevoga-01

Овој препарат најчесто се наоѓа во продажба во облик на жолт прав или капсула. Ризиците поврзани со неговото користење се поголеми и поради стартот на неговото илегално производство во домашни лаборатории.

Тревога од претпоследна, портокалова фаза е објавена во 190 земји членки на Интерпол, меѓу кои и Македонија.

препарат Health and Beauty Turmeric capsules Extra Strenght кој содржи 2,4 – динитрофенол (DNP), соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

Контролата е спроведена по известувањето од Интерпол и објавената тревога во 190 земји, вклучително и Македонија, дека на пазарот се продава Health and Beauty Turmeric capsules Extra Strenght од 125 милиграми, најчесто во облик на прав или капсула, а се користи за намалување на телесната тежина.

На домашниот пазар легално се продава препарат со слично име – TURMERIC од 500 милиграми. Според АХВ, станува збор за диететски производ на Health Aid, кој е уредно регистриран и во својот состав не ја содржи спорната супстанца 2,4 – динитрофенол (DNP).

Сличноста со името на овој легално увезен препарат, кој исто како и спорниот најчесто се продава онлајн и има жолта боја, потекнува од куркумата која ја има во неговиот состав.

– Граѓаните да купуваат одобрени диететски препарати од регистрирани оператори кои вршат легален увоз, а особено внимание да обрнат при он лајн продажбите, апелира Агенцијата за храна.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1