Министерството за здравство во врска со здравствената состојба на хоспитализираните припадници на безбедносните сили на Република Македонија, информира дека на Хируршките клиники во Скопје, во моментов, се згрижени 20 пациенти и сите се во стабилна здравствена состојба.
Исто така, во ГОБ 8 Септември се згрижени 9 припадници на безбедносните сили на РМ, сите се во добра здравствена состојба и се очекува во тек на денот, најмалку двајца пациенти да бидат пуштени на домашно лекување.