Полицајците успеале да и го земат само едниот мобилен на Јанева – рекла дека другиот го изгубила


Мобилниот телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева е одземен по наредба на Обвинителството за гонење организиран криминал и корпција, потврдија од Обвинителството.

Мобилниот на Јанева е одземен заради прибирање повеќе информации за истрагата што Обивинителството ја отвори денеска за изнудување пари потврдија за МИА од Обвинителството.

од шефицата на СЈО било побарано да го даде нејзиниот мобилен телефон, кој требало да биде одземен и даден на вештачење.

Полицијата успеала да одземе еден од два мобилни телефони, бидејќи Јанева рекла дека другиот го изгубила.

Претрес не е вршен во нејзиониот дом, туку наредбата гласела само за одземање на телефонот. Од обвинителството не откриваат зошто е одземен телефонот и каква е улогата на шефицата во оставка на СЈО во најновиот случај со рекет и перење пари.

А1 он јави дека при претресот на 1 ТВ , полицијата по налог на обвинителството го запленила компјутерот на синот на обвинителката, кој е вработен во оваа телевизија.

Неколку медиуми објавија и дека во рамки на истрагата која ја отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција извршен е претрес во домот на обвинителката во СЈО, Лиле Стефанова, дознава Плусинфо неофицијално. Но обвинителката демантираше.

Таа го води предметот „Империја“ кој СЈО го отвори во ноември лани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1