ПОЛИЦИЈА ГИ ЧУВА ПРАТЕНИЦИТЕ: Полиција пред домот на Канческа и Мукоски


Институциите постапуваат според законот. Обезбедена е гаранција за пратениците од опозицијата, за нивните семејства, брзо да реагираат на секоја закана, изјави премиерот Зоран Заев синоќа по прес-конференцијата во Собранието одговарајќи на новинарски прашања, а по информациите дека пратениците од опозицијата кои гласаа „за“ се на удар од нивните сопартијци.

За оние пратеници кои се обвинети во судските процеси, Заев рече дека судските инстанци ќе продолжат со процесите и дека нема намера да се меша во работата на судот.

-За мене сите пратеници се невини додека не се докаже спротивното, рече Заев кој, меѓу другото објасни дека „кога зборувал за помирување, мислел тој процес да се постигне преку работните групи во Собранието, за ЕУ и НАТО, затоа што тоа се целите кои не обединуваат“.

Во текот на вечерта силни полициски сили го чуваа домот на Елизабета Канческа Милевска, а пратеникот Крсто Мукоски до своето родно Вевчани беше испратен со две комбиња полни со специјалци.

извор- infomax.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1