Полиција извршила претрес кај познат музичар во Кавадарци


Претрес во домот на познат музичар во Кавадарци извршила полицијата поради сомнение дека е вмешан во бесправно добивање на американски визи за граѓани од Македонија оти преку илегален начин повеќе државјани на Македонија во својство на музичари добиле визи и заминале за Америка иако не биле музичари, дознава “Дневник”. Претресот бил извршен во петокот во поладневните часови.

policija
Од Секторот за односи со јавноста при МВР ги потврдуваат сознанијата на “Дневник”.

– Потврдуваме дека е извршен претрес  во Кавадарци поради сознанија за можна изработка и користење на документи кои се користат при аплицирање за добивање на американска виза. Претресот е извршен по наредба на истражен судија-велат од МВР.

Во интерес на истрагата, оттаму не сакаа да соопштат повеќе детали за случајот. Случајот велат бил во постапка и се работело на негово расчистување.

Дневник

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1