Полицијата го сопрела па пуштила „мозокот” на масакрот во Париз? 7-те големи пропусти на полицијата


Терористичките напади во Париз кои го шокираа западниот свет можеби ќе беа спречени, доколку разузнавачките служби и полицијата реагираа на време.

Имено, порано оваа година лидерот на белгиските џихадистички ќелии успеал да побегне во Сирија иако бил баран од француската полиција поради поврзаност со низа на убиства.teroristi
Абдел-Хамид Абаоуд кој француските истражители го посочија како главен финансиер и организатор на нападите во Париз, во своето интервју за џихадистичкиот весник “Dabiq” тврди дека бил сопрен од француски полицаец, но тој го пуштил затоа што не го препознал кој е. Тоа за француските и белгиските тајни служби била најважната во низата на пропуштени шанси за да ги спречат нападите во Париз. Ова се 7-те најголеми пропусти на разузнавачките служби.

Скромен надзор и мала соработка

Еден од бомбашите самоубијци, Сами Анимур бил следен откако пред три години се обидел да отпатува во Јемен. Тој се борел во Сирија, а некако успеал во последниов период да се врати во Франција, а потоа и да учествува во масакрот во концертната сала „Батаклан“.

Исто така, високи функционери на САД потврдија дека уште во септември нивните агенти ги предупредиле Французите и останатите европски служби, дека според нивните сознанија и собрани информации, се подготвува голем напад некаде во Европа.

Уапсен, па ослободен

На почетокот од оваа година, Абаоуд бил уапсен во соседна Грција со уште тројца исламисти поради планирање на терористички напад на полицајци и полициски станици во Белгија. Потоа во Белгија биле изведени рации за да се разоткрие исламистичката ќелија која имала во план да убива полицајци на јавни места, во напади ширум целата држава.terorist pariz isis

Следувала рација во Белгија неколку дена после нападите на Шарли Ебдо, но полицијата подоцна констатирала дека уапсените немаат врска со нападот во Париз. Во продолжение, Абаоуд бил пуштен од грчките власти.

Патувања на релација Белгија – Сирија – Белгија

Абаоуд го планирал нападот во Париз уште од Сирија, каде се борел на страната на ИСИС. Треба да се истакне дека главната причина за тоа што Абаоуд успеал да ги договори нападите е тоа што тој во Сирија отпатувал во 2013-та година, а потоа преку Грција се вратил во Белгија. Патувањето на релација Белгија – Сирија – Белгија го направил неколку пати.

Белгиски кварт како упориште на радикални исламисти

Абаоуд бил поврзан со Ибрахим Абдеслам кој во нападот во Париз беше еден од бомбашите самоубијци, а во 2010-та година бил во затвор заедно со Салах Абделслам, брат на Ибрахим кој после нападите во Париз побегнал и моментално е еден од најбараните луѓе во светот.

Израснале заедно, во истиот бриселски кварт Моленбик, како и неколку други осомничени. Полицијата, велат, во опасниот кварт во источен Брисел во кој долги години владеат џихадисти, банди, дроги и беззаконие, воопшто не била видена, иако е познато дека овој кварт „произведува“ криминал и терористи.

Организатор на низа на напади

Полицијата верува дека Абаоуд помогнал во терористичкиот напад на 21-ви август на возот кој сообраќаеше од Амстердам до Париз, а кој беше спречен од четворица патници. Француски “Liberation” тврди дека бил во контакт со Ајобу Ел-Казани, човекот кој отворил оган во возот пред да биде совладан од патниците.pariz teroristi4

Се смета дека е организатор на нападот на црквата во Париз на 19-ти април кога Сид Ахмед Глам, француски студент пукаше во својата нога по што беше уапсен. Следејќи траги на крв, полицијата пронајде автомобил полн со оружје. Глам подоцна беше обвинет за убиство на Аурели Шателан, инструкторка по танц која беше пронајдена во својот запален автомобил откако ѝ било пукано три пати во главата.

Според “Le Monde”, Абаоуд бил во контакт и со Мехди Немоуче, кој го изврши нападот на Еврејскиот музеј во 2014-та година, при што уби 4 лица. Снимките од телефонските разговори покажале дека двајцата разговарале во јануари оваа година.

Игнорирање на најавите за напади

Исто така, “Le Monde” тврди дека францускиот џихадист Реда Хаме кој беше уапсен на 11-ти август, потврдил дека токму Абаоуд е човекот кој го испратил во Европа да изврши терористички напад, откако двајцата биле во Сирија во џихадистички камп за обука во Рака. Хаме открил дека Абаоуд му рекол да патува преку Прага, му дал УСБ со шифриран софтвер и 2000 евра со упатство за напад на некоја „лесна мета“ како што се „концертни сали“ за да може да има што поголем број на жртви.

На прашањето дали ќе има напади, Хаме на полицијата им рекол: „Можам да кажам дека тоа ќе се случи наскоро. Надвор има вистинска машинерија и тие сигурно ќе се обидат да ја нападнат Франција и Европа“, додека извор близок на француските власти за Абаоуд кажал „Како што се чини, тој е мозокот на неколку планирани напади во Европа“.

Полицаец го сопрел и го пуштил

Полицаец во рутинска контрола го сопрел Абаоуд, но не го препознал, па го пуштил.

„Можев да одам… иако ме бараа толку многу разузнавачки служби. Сето тоа докажува дека еден муслиман не треба да се плаши од помпезната слика за интелегенцијата на христијаните. Моето име и фотографија беа на сите вести, но сепак успеав да останам во мојата татковина, да планирам операции против Французите и безбедно да побегнам откако беше договорено каде и како треба да се нападне“.

Tocka.com.mk

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1