Полицијата не го потврдува идентитетот на деветтата жртва, најмалку десет ранети


Портпаролот на минхенската полиција, Маркус де Глорија Мартинс не ги потврдува ниту ги негира извештаите дека деветтиот загинат во пукањето во градот е еден од напаѓачите.

Претходно полицијата на Минхен објави дека се пронајдени девет тела, од кои осум во трговскиот центар „Олимпија“, и едно во близина на нападот. Деветтата жртва, исто така, имала повреди од огнено оружје, а очевидци претходно изјавија за медиумите дека еден од најверојатно тројцата напаѓачи се застрелал самиот.minhen-mapa

„Верзијата според којашто во случајот на загинатиот станува збор за едно од лицата кои пукале, сега активно ја проверуваме, но не можеме ниту да ја потврдиме, ниту да ја негираме“, изјави портпаролот за телевизијата N-24.

Иако репортерот на баварското јавно радио објави, повикувајќи се на извори од истрагата, дека се убиени осум и се ранети околу 20 луѓе, минхенската полиција подоцна на Twitter објави дека „нам во моментов ние е познато дека најмалку 10 луѓе се здобиле со повреди“.

Доцна попладнето во петокот во трговскиот центар „Олимпија“ на плоштадот Карсплац и во станицата на подземната железница дојде до пукања. Според официјалните податоци загинале девет луѓе, од кои една жртва можеби е напаѓачот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1