Полицијата приведе албански и македонски државјани кои во Боговиње работеле како танчерки.
Полицијата приведе девет лица, четири албански и пет македонски државјани, кои синоќа, половина час по полноќ биле затекнати во угостителскиот објект „Баци“ во Боговиње.
Во објектот имало три албански државјанки на возраст од 26 до 41 година кои биле вработени како пејачки и танчерки, како и еден маж од Албанија.
Тие биле приведени и задржани во полициската станица во Тетово по што биле предадени за понатамошна постапка на отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмизија.
Во полиција биле приведени и сопственикот на објектот Н.Ш. од Боговиње како и четирите македонски државјанки кои, исто така, биле ангажирани како пејачки, танчарки и забавувачки на гостите.