Полицијата во Германија трага по еден украден гулаб, а оној кој ќе го најде ќе добие награда од 10 илјади евра.
Дизедолрфската полиција соопшти дека шест години стариот гулаб-натпреварувач, со ознака на прстенот „АС 969“ е украден во ноќта од сабота кон недела од еден заклучен гулабарник во предградието на тој град.
Полицијата истакна дека вредноста на светлосивиот гулаб сопственикот ја проценил на 150.000 евра. Полицијата претпоставува дека крадецот бил запознает со вредноста на птицата, бидејќи украдениот гулаб бил највредниот во кафезот полн со гулаби-натпреварувачи.
Сопственикот понуди награда од 10.000 евра на оној кој ќе го пронајде гулабот.