Мајка со нејзините две малолетни деца од Скопје е пријавена за исчезната. Случајот во полиција го пријавил сопругот, кој во полициската станица кажал дека тие се оддалечиле во непознат правец во понеделникот околу 10.30 часот. Децата, според полициските информации, се на возраст од една и три години.
Покрај овој случај, надлежните регистрирале уште неколку пријави за исчезнување. Во едниот, во СВР Битола татко пријавил дека исчезнала неговата 27-годишна ќерка. Рекла дека ќе оди во продавица, но не се вратила дома.
Во Велес, пак, жена пријавила дека исчезнал нејзиниот 14-годишен внук. Таа пријавила вчера, а малолетник е исчезнат уште од неделата вечерта кога и се јавил и рекол дека за кратко време ќе си оди дома.