Полицијата уапси Русинка која се обидела да го продаде синот за 1.500 фунти


Вознемирувачко видео на кое може да видите како полицијата во Русија на дело ја фаќа мајката која сакала да го продаде своето бебе за само 1.500 фунти било објавено на интернет и предизвикало бурни реакции ширум светот.56fc274e-0da4-4fbc-aeb8-115f0a0a0a64-majka-1-718x446

Преправен полицаец се претставил како потенцијален купувач откако добил дојава како една жена се обидува да го продаде сопственото бебе.

Целото случување се одвивало на југозападот на Русија во покраината Северна Осетија.

На снимката може да се чуе како преправениот полицаец ја прашува жената: Колку чини? Дали е момче или девојче?

Откако бебето заспало, мајката одговорила: „Момче е ,а чини 1.500 фунти“. По ова признание полицаецот го открил своето виситнско занимање и ја уапсил жената, а бебето било предадено на социјалната служба.

Неименуваната жена која се занимава со проституција во полиција изјавија дека едноставно била приморана да го продаде синот бидејќи не можела да ја издржува постарата ќерка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1