Кривична тужба против Подгоричанка: Направила 200 лажни профили на Фејсбук


Полицијата во Подгорица поднела кривична пријава против Ј.Д (34) од Подгорица, поради основани сомнежи дека на социјалната мрежа Фејсбук направила преку 200 профили на кои се наоѓале фотографии и име од нејзината сограѓанка М.Л., било соопштено до Управата на полицијата на Црна Гора.facebook 3

Има сомнежи дека Ј.Д. „ со името и презимето на оштетената М.Л. на профилите на оваа социјална мрежа, користејќи го мобилниот телефон и мобилниот интернет, воглавно наведувала груби и навредливи коментари и епитети.

Против 34-годишната Ј.Д. е поднесена кривична пријава поради сомнеж дека направила кривично дело „неовластено собирање и објавување на лични податоци“, било соопштено до Управата на полицијата.

– Службениците на отсекот за борба против организираниот криминал и корпупција, во содејство на службениците на Центарот за безбедност на Подгорица и по налог на основното државно тужителство во Подгорица и надлежниот тужител поднеле кривична пријава против Ј.Д. од Подгорица , поради основано сомнение дека на штета на снејзината сограѓанка М.Л, направила кривично дело , неовластено собирање и објавување на лични податоци. Во постапката до поднесувањето на кривичните пријави, овластените полициски службеници на Отсекот за борба против организиран криминал и корупција се врз основа на информациите со кои располагале, а постапувале по налог на надлежен тужител, дошле до факти кои во постапката може да се користат како докази, а кои укажуваат на сомнеж дека Ј.Д, во продолжен временски период на Фејсбук отворила повеќе од 200 профили на кои се наоѓале фотографии и името на оштетената М.К“ – било соопштено од полицијата.

Службениците во Отсекот за борба против организиран криминал и корупција , во соработка со ЦИРТ тимот на Министерството за информатичко општество и телекомуникации, од Фејсбук ги отстраниле сите спорни профили.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1