ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Падна банда педофили во Шпанија- меѓу уапсените и свештеник


Во Шпанија се уапсени 24 лица поради сомнение дека на интернет споделувале порнографски фотографии од деца, соопшти денеска шпанската полицја.

Меѓу уапсените има државјани на Велика Британија, Гана, Пакитан и Еквадор.

Како што наведува АП, полицијата при апсењето кај еден од Британците пронашла илјадници фотографии од сексуално злоставување на малолетни лица.

Полицијата идентификуваше уште осум лица, за кои се сомнева дека се поврзани со ланецот кој го споделувал нелегалниот материјал преку Фејсбук и Скајп.

Меѓу уапсените има и евангелистички свештеник и поранешен член на бандата, кој работел во училишна кафетерија, додава полицијата.

Апсењата се спроведени ширум Шпанија, како и на Канарските и Балераските острови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1