Целосно блокирана главната улица во Шуто Оризари, плин истекувал на бензиска пумпа


Истекување на плин на бензиска пумпа на улица „Индира Ганди“ во Скопје било пријавено вчера вечерта од случаен минувач.

Од полицијата информираат дека од извршениот разговор со вработените на бензинската пумпа, констатирано е дека додека полнеле кујнска плинска боца виделе дека пукнал сигурносниот вентил кај резервоарот за плин и од него почнало да истекува плин.

-Вработените Г.А.(27) и Ф.Н.(28) кои се обиделе да го затворат вентилот од резервоарот вдишале гас и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување лекарска помош. Од страна на Противпожарна единица и одговорно лице од Институт за одржување на бензински пумпи затворен е главниот сигурносен вентил, информираат од МВР.

Сообраќајот на улица „Индира Ганди“ бил блокиран во двата правци од 00:10 до 04:30 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1