Полициско возило прегази 7-годишно дете во Куманово, со тешки повреди пренесено на скопските клиники


Денеска во 09.50 часот на улицата „11-ти Октомври“ во Куманово, над градската џамија, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „Фиат Линеа“, сопственост на МВР на РМ, управувано од П.С. (44), вработен во МВР на РМ и седумгодишно момче, информираа денеска од СВР Куманово.

По незгодата детето било пренесено во болницата во Куманово од каде, по извршен лекарски преглед, му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во врска со настанот, Јавен обвинител и СВР Куманово презема мерки за утврдување на околностите и расчистување на случајот. Исто така, за настанот е информиран и одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1