Полн погодок: Слушнете ја песната со која Македонија ќе настапи во Киев


Јана Бурческа ја промовираше песната за Евровизија. Песната е насловена како „Dance alone“ и не се сомневаме дека ќе остане некој рамнодушен на овој модерен звук. Јана Бурческа ќе настапи на 62-тото издание на Изборот на Песна за Евровизијаjana-burceks

кое ќе се одржи во Киев, Украина од 9. до 13. мај. Бурческа настапува на 11-ти мај во првата половина на второто евровизиско полуфинале.

Песната „Dance Alone“ е оригинално авторско дело на Joacim Perrson, Alex Omar, Florence A. и Bobi-Leon Milanov, сите дел од SYMPHONIX INTERNATIONAL, реномиран музички бренд кој низ годините има остварено значајни евровизиски достигнувања, како и соработки со светски познати артисти, меѓу кои Kelly Clarkson, John Legend, Kylie Minogue, Lady Gaga, Mary J. Blige, Miley Cyrus, Selena Gomez, Armin Van Buren, Conchita Wurst, Alexandra Stan и Jamiroquai, а дел од авторите на SYMPHONIX INTERNATIONAL беа потписници и на „Лисја Есенски“ на Даниел Кајмакоски.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1