Концертот го отвори победникот Даниел Кајмакоски, а потоа на сцената ги покани неговите пријатели и колеги со кои заедно ја делеа сцената на Х-Фактор.
Даниел Кајмакоски, Маид, Илма, Доктори, Фифи, Харис Ќато, Лукијан, Тамара, Александра Брковиќ, Алекса Перовиќ и девојките од 4U, со одличните изведби ја доведоа атмосферата до точка на вриење.
Даниел Кајмаковски ја поздрави публиката со својата изведба на “Counting star“, по што се редеа хитовите кои предизвикаа воодушевување и овации кај публиката.
Малечката Илма на подарок од фановите доби зајаче.ТВ Сител наскоро на програмата ќе го емитува концертот за кој уште долго ќе се зборува како најдобар во Македонија.