Полнач за мобилен запали стан во Штип


Во штипската населба Сењак попладнево се случи пожар во гарсоњера во станбена зграда спроти спортската сала „Јордан Мијалков“. Во пожарот нема повредени.

hqdefaultЧадот кој излегувал од станот го виделе соседите, кои веднаш се јавиле во противпожарната единица и на брзата помош. Огнот го зафатил креветот и постелнината, а очевидци велат дека станот бил спасен благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, јавува Канал 5.

Според првичните информации пожарот е предизвикан од полнач на мобилен телефон.

Командирот на ТППЕ-Штип, Кире Патраклиев апелира до сите граѓани да не ги оставаат вклучени овие апрати додека не се дома за да не дојде до пожар.

Тој апелира граѓаните да внимаваат што им е вклучено во нивните домови, со цел да немаат штета, но и да нема опасност од поголеми катастрофи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1