Полната Месечина денеска предизвикува масовно лудило, предупредуваат астролозите


Полна Месечина пред почетокот на летната долгодневица е настан кој се случува еднаш во животот.

Оваа појава се нема случено во последните 70 години, а ќе се повтори дури во 2094 година. Меѓутоа астролозите предупредуваат дека оваа појава може да предизвика хаос меѓу популацијата.mesecina5

Полната Месечина ќе се појави во денеска на 20 јуни, само ден пред летната долгодневица, и може да предизвика хаос, халуцинации, па дури и масовни пукања, предупредуваат астролозите.

Тимоти Халоран, основач на ЈуТјуб каналот “Rasa Lila Healaing YouTube Astrology”, направи специјална видео снимка во која предупредува на настаните во текот на долгодневицата кои можат да бидат многу бурни.

Тој на снимката напомена дека на 20. јуни ќе дојде до „зголемена енергија“ која може да предизвика „лудило, халуцинации и насилничко однесување“ меѓу популацијата.

-Зборовите како се просветлување и осветлување генерално се доживуваат како нешто преубаво и кон тоа треба да се тежнее, вели тој.

Меѓутоа, светлото е продорно и врело и понекогаш може да биде неподносливо, посебно за нас во северната хемисфера во текот на летната долгодневица, рече Тимоти во својата снимка.

Тимоти напомена дека она што моментално се случува како „џиновски бран кој ќе удри на нашите верувања и гледишта, кој ќе ги уништи во парчиња и кој ќе открие реалност за која не знаевме дека постои“.

Во својата снимка тој исто така напомена дека секој кој ќе стане психопат во текот на 20 јуни мора да биде заклучен и „бомбардиран“ со љубов од страна на најпривлечните луѓе на светот.

Полната Месечина во текот на летната долгодневица не се случила дури 70 години и нема да се повтори се до 2094 година. Во текот на долгодневицата денот ќе трае подолго од 15 часа, а на небото истовремено ќе се види и Сонцето и Месечината.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1