Поради приклучување на паркот на ветерни електрани Богданци во дистрибутивната мрежа за електрична енергија, во петок на 21 март од 05:00 до 07:00 часот наутро без електрична енергија ќе бидат населените места во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци.
Трафостаницата Валандово (110/10 kV) од која со електрична енергија се снабдуваат населените места во овие општини ќе биде во безнапонска состојба за да се овозможи приклучување во мрежата на енергетскиот објект „Парк на ветерни електрани Богданци“. По изведувањето на приклучувањето ќе биде воспоставено нормално снабдување со електрична енергија.