Половина Македонија петок без струја


strujaПоради приклучување на паркот на ветерни електрани Богданци во дистрибутивната мрежа за електрична енергија, во петок на 21 март од 05:00 до 07:00 часот наутро без електрична енергија ќе бидат населените места во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци.

Трафостаницата Валандово (110/10 kV) од која со електрична енергија се снабдуваат населените места во овие општини ќе биде во безнапонска состојба за да се овозможи приклучување во мрежата на енергетскиот објект „Парк на ветерни електрани Богданци“. По изведувањето на приклучувањето ќе биде воспоставено нормално снабдување со електрична енергија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1