Да се донесе одлука за развод на бракот е нешто што ретко кому лесно му паѓа, што докажува и фактот дека дури 54 отсто од луѓето се сомневаат дали ја направиле вистинската работа, а 42 отсто размислува за смирување со бившиот партнер.
Откако ќе се освестат во желбата, повторно да се обидат, често е веќе предоцна, бидејќи партнерот или партнерката веќе нашле некој друг. Сепак. оние на кои им успеало да ја обноват романсата после разводот, па дури и повторно да стапат во брак, велат дека нивната љубов е посилна од претходно.
Топ 10 причини за каење после разводот
Им недостига бившиот партнер
Разводот го доживуваат како неуспех
Се уште го сакаат бившиот партнер
Сфаќаат дека во бракот се однесувале неразумно
Се чувствуваат осамено
Откриваат дека разводот не донел позитивни промени
Бившиот партнер пронашол нова љубов
Сфаќаат дека им е лошо што се сингл
Жалат поради влијанието на разводот врз децата
Новите љубовни партнери ги споредуваат со бившите
Republika.mk
Кај повеќето, каењето се јавило дури подоцна, од шест месеци до неколку години после завршување на парницата, иако во прв момент сметале дека тоа е паметна и добра одлука.