Германската биохемичарка д-р Јохана Бадвиг уште во педесеттите години од минатиот век, кога била вработена во германската агенција за одобрување начини на лекување, во текот на своите истражувања забележала дека, без исклучок, кај канцерогените клетки и воопшто во крвта на заболениот човек од канцер има недостиг од некои есенцијални елементи, како фосфатиди и липопротеини. Без овие состојки, клетката на ракот се однесува диво, расте и се размножува без контрола. Сторијата ја пренесува Нова Македонија – ви пренесуваме и ние дел од неа.
д-р Бадвиг пронашла чудна зеленикаво-жолта супстанција во крвта на болниот од рак. Овие сознанија ја одвеле биохемичарката кон натамошни истражувања. Кога во организмот ќе се внесат фосфатидите и липопротеините, чудната жолто-зеленикава течност во крвта постепено станувала здраво црвена, слабоста и анемијата исчезнувале, а животната енергија се враќала. Уште повеќе, д-р Бадвиг утврдила дека се враќа во нормала и дисфункцијата на црниот дроб и дека се ублажуваат и проблемите со дијабетесот.
Според неа, проблемот се решава со помош на масни киселини што се сметаат за есенцијални, а имаат најмалку 18 јаглеродни атоми во јаглероводородниот синџир. Такви масни киселини содржи маслото од лен, кое не смее да биде загревано или обработувано на начин што ќе доведе до нарушување на синџирот. Токму тука, според д-р Бадвиг, лежи и еден од проблемите на современиот човек: неговата исхрана често е составена од материи што за да имаат поголем рок на траење се обработуваат на начин што не само што ги елиминира од групата здрави продукти, туку од нив создава штетни продукти.
„Во индустриското производство на масти и масла ништо се нема изменето, бидејќи тие носат милијарди долари, а на индустријата никој не ѝ дава ништо за да воведе нешто ново. Тоа е и разбирливо.
Таа смета дека рекламирањето на маслиновото масло не е сосема во ред. Според неа, во тоа масло најголем удел има олеинската киселина со синџир од 18 јаглеродни атоми, но организмот на човекот на кој му недостигаат есенцијални масни киселини не може да ја аспорбира олеинската киселина, па маслиновото масло не помага. Најкорисна, вели д-р Бадвиг, е линолната киселина, а неа ја има во ленот. За да функционира како материја што може да ги елиминира болните клетки од организмот, на споменатата киселина ѝ е потребна набиена сулфхидрилна група од протеини.
Нивниот спој создава липопротеини што можат да го спасат организмот од туморите. Тоа значи дека ленот и маслото од лен, иако и сами по себе имаат антиканцерогени својства, а можат да помогнат и за спасување на крвните садови што станале тврди и лесно кршливи, не се во состојба самостојно да му помогнат на пациент што веќе е заболен од рак. За да се случи тоа, потребно е маслото од лен да се измеша со младо кравјо сирење, така што би се добила единствена маса. Нивниот спој ги создава потребните елементи и истовремено овозможува нешто што исто така е клучно – пренос на тие елементи до болните клетки.
Основниот рецепт е доста едноставен:
125 грама младо кравјо сирење се мешаат со миксер со три супени лажици ленено масло, сѐ додека не се добие маса во која нема да се препознава маслото. Тоа се консумира двапати дневно. Кај голем број пациенти е потребно време на приспособување, бидејќи можно е маслото да предизвика одредени стомачни непријатности. Најдобро е ако се почне со една супена лажица, па како што организмот ќе се привикнува така да се зголемува дозата додека се стигне до три лажици.
Овој рецепт може да се користи како превентива и евентуално кај болните во ран стадиум. Д-р Бадвиг не го претпочита паралелното користење на традиционалната терапија, но постојат сведоштва на луѓе што се излечиле истовремено користејќи хемотерапија и основниот Бадвигов рецепт.
Сепак, само по себе, ова не е доволно. Ова не е „сребрен куршум“што ќе го убие ракот, иако и тоа се случувало. Нејзината програма е многу посложена и опфаќа комплетна диета, особено за болните во подоцнежни стадиуми. Сето тоа таа детално го објаснува во својата книга „Рак, проблем и решение“ и „Маслено-протеински готвач“.
Двете книги лесно можат да се најдат на Интернет. Според готвачот, на пример, за појадок може да се ползува следната рецептура: сезонско овошје се меша со две супени лажици мелено ленено семе и со една супена лажица мед, а потоа врз таа смеса се прелива масата добиена со мешање на младото кравјо сирење и лененото масло. Нејзината исхрана се смета и како вистинска помош за зачувување на крвните садови, нешто за што современата медицина навистина нема лек, освен оперативен третман.
Повеќе инфо на – Нова Македонија
Овие редови коишто се однесуваат на добивање масни киселини од младо кравјо сирење и ленено масло немаат за цел никому да му дадат лажна надеж, ниту да му препорачаат начин на лекување. Најмалку се совет некој да се откаже од лекувањето на класичната медицина. Ова се редови што можат да послужат само како информација, а одлуката за евентуална примена на рецептот секој може да си ја донесе врз база на сопствен заклучок, одговорност и консултација со лекар