Помала плата за пратениците што ќе го бојкотираат Собранието


Пратениците од опозицијата што ја бојкотираат работата на Собранието поради случувањата од 24 декември ќе добиваат по една третина од платата.

sobranie_RMСобранието се повикува на законската одредба со која е предвидено дека висината на платата на пратеник што не учествува во работата на парламентот по јавно дадена изјава за тоа ќе изнесува една третина од платата исплатена во последниот месец.

СДСМ реагира на одлуката истакнувајќи дека за нив претседателот на Собранието нема кредибилитет да се повикува на закон.
– Kратењето на платите е мала цена за демократијата, слободата и за политичката борба за враќање на Македонија во вистинска насока – се посочува во реакцијата од СДСМ.

Од Собранието вратија дека законите треба да се почитуваат без да им се дава политичка конотација.
– Речиси никаде во светот, бојкотот на законодавен дом не се одобрува и применува – се наведува во реакцијата од Собранието.

Dnevnik

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1